Како да промените жилка на трим глава за тример STIHL FS 55

Моторен тример Stihl FS55 стандардно доаѓа со трим глава AutoCut 25-2 со две жилки. Налонската жилка на трим главата е дизајнирана за косење на трева и грмушки како за домашна така и за професионална употреба. По одредено време на користење жилката се троши и ке треба да биде надополнета.

Како да го направите тоа?

Пгледнете го нашето видео!

И незаборавите да се претплатите на нашиот YouTube канал за да добивате известувања за секое наше ново видео!

 

За да ја надоплните жилката потребно е првин да ја демонтирате трим главата AutoCut 25-2 од тримерот STIHL FS 55.

    1. Земете ја трим глават во едната рака и полека ротирате ја за да ги лоцирате запците прво на едното од двете места на главата, а потоа и второто кои се притискаат со палецот за да можете да го ослободите забците и да го отворите капакот на главата.
    2. Притиснете го калемот внатре и полека заротирајте го на лево и извлечете го од куќиштето на трим главата.
    3. Подгответе две парчиња нова жилка со дијаметар од 2.4 мм и три метри должина бидеќи главата иде со две жилки кои се намотуваат одделно и секоја од нив е со должина од 3 метри.
    4. Лоцирајте го малиот отвор во центарот на калемот и вметнете еден дел од едното парче жилка од 3 метри внатре и почнете да го мотате во правецот кое е обележан со стрелка на самиот калем. Потрудете се да мотањето биде што позатегнато и по рамномерно. Оставете на крај едно десетина сантиметри слободни кои ке ги заглавите во отворот кој е од надворешната страна на калемот. Повторете ја истата постапка и за второто парче жилка.
    5. Кога ќе бидете готови со двете жилки калемот полека вратете го назад во трим главата. Самата трим глава има два отвори за жилката каде што ке ја протнете првин едната а после и втората жика.
    6. Земете го капакот и ставете го на трим главата и внимавајте запците да влезат во отворите за да може капакот да затвори целосно за да не дојде до несакано отворање и повреда при работа.