STIHL napravi sam stolce

Направи сам дрвен стол

Направи сам дрвен стол

За сите љубители на рустичниот изглед овој стол направен од едно парче цврсто дрво додава топлина во вашата градина или дневна соба. Следниот водич ви покажува како најлесно можете да си направите ваков прекрасен стол од едно парче дрво.

Каков тип на дрво да изберете?

Дрвјата како што се даб или багрем, се идеални за изработка на овој рустикален стол. Исто така, би можеле да користите и бор но бидете предпазливи дека зимзелените дрвја можат да лачат смола.
Добра идеја е да се користи парче од долниот дел на стеблото, така што основата на столчето станува малку поширока на дното, и затоа е постабилна.

Како да се заштитите?

Безбедноста е на прво место! Секогаш мора да преземете соодветни мерки на претпазливост кога користите моторна пила. Носете заштитни очила или заштитна маскa на лицето, и користете некоја форма на заштита од бучава, како што се заштитини слушалки за уши. Рацете можете да ги заштитени со работни ракавици, а телото може да го заштитите со панталони кои имаат заштита од исекување и чизми со додатоци за заштита од исекување.
Ако користите STIHL акумулаторска моторна пила, нема потреба од превенција на бучава.
Мора да бидете свесни дека заштитната облека не е замена за безбедно работење па  затоа ве молиме секогаш да ги прочитате инструкциите за работа за алатката што ја користите.

Чекор 1: Материјали потребни за правење на дрвен стол

• Трупец (сув, околу 35 см во дијаметар, висок 70 до 100 см, со или без кора, во зависност од изборот)
Моторна пила STIHL
• Либела
• Дрвен метар / метар
• Аголна брусилка
• Креда или молив за бележење
• Длето за симнување на кора

STIHL cеkor-1 alat

Чекор 2: Обележување на потпирачот за грб и седлото на столот

Од вас зависи дали ке користите дрво со или без кора за да го направите вашиот стол.
Ако преферирате изгледот да биде со кора, тогаш треба да одберете свежо сечено дрво, така што кората е цврсто прилепена за стеблото.
Ве молиме запомнете, не е секогаш лесно да се обележат парчиња на дрво со кора. Ако претпочитате да го користите дрво без кора, тогаш треба да ја отстраните кората пред да започнете со работа, на пример, со користење на STIHL длето за лупење на кора.
Пред да започнете со сечењето, првин ке треба да го измерите трупецот и да го означите точно каде треба да се направат резовите.
Нацртајте права линија на горната страна на трупецот за да покажете каде ќе биде задниот дел односно потпирачот на столчето.
Потпирачот за грб треба да се спушти со мал агол до површината за седење, па не ја ставајте линијата премногу близу до средината на трупецот, во спротивно може да завршите со премало седло.
Потоа означете го нивото на седлото на страната на трупецот, на висина од околу 45 см.

STIHL cekor 2 belezenje

Чекор 3: Започнете да го сечете потпирачот за грб и седлото

Сега можете да почнете да го сечете потпирачот за грб и седлото. Не го сечете до крај одеднаш запрете кога ке дојдете на околу две третини од мерката, за да можете да го ротирате трупецот и да продолжите и да работите на седлото на столчето без да го соборите.
STIHL_cekor-3-secenje
Чекор 4: Обележете го долниот дел

Сега обележете го делот под седлото. Прво обележете ги аголните точки на сечењето, потоа соединете ги. Користете ја либелата за да бидете сигурни дека линиите се исцртани правилно. Аголот на надолниот отсек зависи до вас, но осигурајте се дека отсекот е направен така да столчето остане стабилно.

STIHL_cekor-4-belezenje

Чекор 5: Отстранете ги отсечените делови

Првин започнете со сечењето на обележаниот дел кој оди паралелно со седлото. Потоа исечете го долниот  дел, кој има благ агол малку нагоре. Конечниот пресек што треба да го направите треба да биде вертикален, така што дрвениот блок лесно ќе излезе и практично треба да излезе од самата основа.

STIHL_cekor-5-secenje

Чекор 6: Обележете го предниот дел од основата

Препорачуваме исто така да отстраните парче од предниот дел на основата за да го подобрите изгледот на столчето. Користете ја либелата за да ви помогнете да ја обележите линија што се спушта по дијагоналата кон центарот на седлото.

STIHL_cekor-6-belezenje

Чекор 7: Отстранете го предниот дел од основата

Осигурајте се дека водилката не го допира подот додека ја сече предната страна на основата. За да го спречите ова, можете да користите дрвена палета како потпора.

STIHL_cekor-7-secenje

Чекор 8: Направете аголни сечења на основата

Пред да продолжите, свртете го дрвениот стол наопаку и поставете го на горниот раб, за да можете да направите две аголни сечења – по едно на секоја страна. Ова ги измазнува рабовите и го подобрува изгледот на столот.

STIHL_cekor-8-secenje

Чекор 9: Обликнете го потпирачот за грб

Свртете го дрвото правилно, па основата да е на земја. Сега можете да ја користите пилата за да го обликувате потпирачот за грб. Како водич, користете го незавршениот отсек на предната страна на потпирачот за грб, кој се навалува од седлото.

STIHL_cekor-9-secenje

Чекор 10: Досечете ги деловите на потпирачот за грб и седлото

Сега досечете ги деловите на потпирачот за грб и седлото, што го започнавте на почетокот со сечење до две третини од мерката. Потоа ќе можете лесно да го отстраните преостанатото парче дрво од столот. Направете дополнителна обработка на седлото за да ги заоблите рабовите.

STIHL_cekor-10-secenje

Чекор 11: Мазнење на ивиците и површините

Како последен чекор, можете да користите аголна брусалица за да ја нправите мазна и рамна површина според вашите желби.
Како завршен допир, измијте го вашиот дрвен стол.
Вашиот рачно изработен дрвен стол е завршен!

STIHL_cekor-11-brusenje
Сега можете да го пробате вашиот нов дрвен стол. Препорачуваме да го истретирате дрвото со лак или слични средства за да го заштитите дрвото од временските услови.

STIHL_gotovo-stolce

 

Tags: , , , , ,

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *