Моторна пила STIHL MS 170 ( со 35 cm меч)

///Моторна пила STIHL MS 170 ( со 35 cm меч)

Моторна пила STIHL MS 170 ( со 35 cm меч)

12,990.00 ден

Моторна пила STIHL MS 170 ( со 35 cm меч)
STIHL MS 170 е мала моторна пила и е совршена за сечење на дрва за огрев и за општа употреба на домашни корисници.

Опис на производот

Моторна пила STIHL MS 170 ( со 35 cm меч)

STIHL MS 170 е мала моторна пила и е совршена за сечење на дрва за огрев и за општа употреба на домашни корисници. Моторната пила MS 170 е опремена со STIHL антивибрационен систем за удобно користење.
Економска, компактна и лесна MS 170 е совршена мала моторна пила. Исто така има и ниско ниво на емисија на издувни гасови, со економичен STIHL 2-MIX мотор. Благодарение на управувањето со еден прекинувач, е многу лесна за ракување. Автоматскиот систем за подмачкување на синџирот STIHL Ematic овозможува оптимално подмачкување на ланецот. Подолготрајноста на абењето и намалената потрошувачка на масло се постигнуваат кога се користи со STIHL rolomatic ланец.

Технички податоци:

Зафатнина cm³ 30.1
Моќност kW/bhp 1.2/1.6
Тежина/Моќност kg/kW 3.4
Тежина kg 4.1
Јачина на звук dB(A) 100
Јачина на звук при работа dB(A) 111
Вибрациски вредности лево/десно m/s² 5.2/5.5
STIHL Oilomatic ланец/тип 3/8″ P PMM3
Кочница на ланец QuickStop
Големина на резервоарот cm3 145
 Резервоар за гориво l 0.25

Ланец:

Picco Micro Mini 3 (PMM 3), 3/8″ P 1.1 mm

Picco Micro Mini 3 (PMM 3), 3/8" P 1.1 mm

Анти вибрациски систем:

MS 170 anti vibraciski sistem

Интензивните вибрации на рачките на моторните пили може да доведат до долгорочни ефекти врз крвните садови во рацете. И затоа STIHL развил ефикасен систем против вибрации, при што осцилациите од моторот на машината се намалени, што значително ги намалува вибрациите на рачките.

Компензатор:

MS 170 kompenzator

Овој регулатор во карбураторот ја спречува мешавината на горивото и воздухот да се збогати, кога филтерот за воздух се запушува. Точното количество гориво се доставува до карбураторот во зависност од количината на воздухот што минува низ воздушниот филтер. Ова го одржува односот на горивото / воздухот во смесата за согорување, а со тоа и моќноста на моторот. Филтерот не треба да се чисти додека не се забележи значителен пад на моќноста.

Еден прекинувач за контрола на работата:

Сите важни функции како што се стартување, задушување, гас и стоп се управуваат преку една рачка.

Ematic систем за подмачкување на ланецот:

Elematic sistem na podmackuvanje

Ematic системот за подмачкување на синџирот обезбедува прецизно подмачкување на врските на ланецот на пилата и шините за водилки. Кога се користи со STIHL OILOMATIC ланецот, тој ќе обезбеди максимално подмачкување, подолго траење и помала потрошувачка на масло отколку конвенционалните методи на подмачкување на синџирот. Системот Ematic може да ја намали потрошувачката на масло за гориво до 50%.

Reviews

There are no reviews yet.

Only logged in customers who have purchased this product may leave a review.