Услови на користење

Со внесување на Вашата е-маил адреса Вие се согласувате да добивате дневни известувања за новите промотивни понуди. Можете да се отчлените во било кое време.

Добројдовте на alatzase.com веб сајтот. Со негово користење Вие се согласувате со Условите на користење. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се на alatzase@t.mk.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Заштитата на вашите лични податоци подетално е опишана во делот политика на приватност.

ЕЛЕКТРОНСКА КОМУНИКАЦИЈА

Со вашата посета на alatzase.com или со испраќање на е-порака (e-mail), воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-пораки(e-mail)  и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата. Со регистрацијата добивате можност за известувања за промоции, попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме да не известите.

Регистрираните членови на alatzase.com се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени, во кои меѓу другото ќе бидат застапени и содржини поврзани со понудите од нашите партнери.

ВАШЕТО КОРИСНИЧКО ИМЕ И ЛОЗИНКА

Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во вашиот компјутер и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со вашето корисничко име или лозинка.

Малолетници

Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена без надзор од родител, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на alatzase.com единствено со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата дебитна или кредитна картичка.

УПОТРЕБА

Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме вашите лични податоци за:
– Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате
– Решавање на спорови или решавање на проблеми
– Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности
– Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата
– Споредување на точноста на дадените информации со трети страни

КОМЕНТАРИ, ПРЕГЛЕДИ И ДРУГА СОДРЖИНА

Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека гарантирате дека: Вие сте ​​креаторот на содржините; или ако делувате во име на креаторот, дека имате изречна солгасност од креаторот, да поставувате и променувате содржин, и сите права неопходни за доделување на лиценци во овие Услови за користење. Понатаму гарантирате (или, ако се делува во име на креаторот на содржини, сте го увериле креаторот дека изјавува и гарантира) дека споделувањето на содржини за целите кои сте ги одбрале не прекршуваат авторски права, трговски марки или други права на интелектуална сопственост или права на трети страни, вклучувајќи ги и правата на публицитет или приватност. Вие гарантирате дека нема да поставувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставате на располагање содржини што се незаконски, штетни, заканувачки, навредливи, расистички, порнографски, непристојни, насилни, невистинити, клевети, инвазивни на приватноста на друго лице или штетни за било која трета страна; или ако содржините содржат било каков материјал кој крие вируси или било кој друг компјутерски кодови, фајлови или програми дизајнирани да се прекине, уништи или ограничи функционалноста на било кој софтвер или на компјутерска опрема и категоризирано како „spam“ се забранети. alatzase.com ќе ги отстрани сите пораки за кои ќе процени дека се во горенаведените категории.Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, Длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на МБ-ИНЦ. Д.О.О. е СТРОГО ЗАБРАНЕТО!

ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ

За сите производи направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, alatzase.com не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од alatzase.com не е во согласност со описот, ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.

ЦЕНИ

Сите цени на сајтот се изразени во денари и не ги вклучуваат трошоците за пакување и дистрибуција. Трошоците за пакување и дистрибуција се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.

АВТОРСКИ ПРАВА

Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се во сопственост на alatzase.com  и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон.

ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

Alatzase.com ги презема сите расположиви мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.

Alatzase.com не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.

ЗАКОНСКИ ОДРЕДБИ

Со посетата на alatzase.com се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.

ПОЛИТИКИ И ИЗМЕНИ

Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. alatzase.com задржува правото во секое време, и без претходна најава, ако смета дека е потребно, да откажете или модифицира било кој од наведените општи бизнис услови и употреба и / или Договор за доверливост.