Како да изберете косилка за трева?

Косилката за трева и уредните и убави тревници секогаш одат заедно. Тревата ќе биде поубава ако се коси почесто, бидејќи со самото косење тревата се згуснува и добива форма на тепих.

Izbor na kosilki

Изборот на косилката зависи првенствено од површината на тревникот што ќе го косите.Косилките кои се нудат на пазарот се со батериски, електричен и моторен погон. Кој тип ке го одберете зависи од вашиот буџет, желба но пред се зависи од големината и потребите на вашиот тревник кој треба да го одржувате. Пред косење на тревата, осигурајте се дека ќе немаат никакви мали предмети како што се камења или слични материјали кои за време на косењето ако дојдат под косилката и удрат на ножот може да дојде до нејзино сериозно оштетување.

ЕЛЕКТРИЧНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Електричната косилка за трева е најтивка во споредба со акумулаторската и бензиска косилка. Се користи за мали тревни површини кои се наоѓаат во дворот на куќата. Единствениот проблем е тоа што автономијата на косење ќе биде ограничена со должината на продолќжниот кабел.

ЕЛЕКТРИЧНА КОСИЛКА ЗА ТРЕВА
За време на косењето треба да се погрижите вашите деца, домашните миленичиња и влага да не се блиску до кабелот и косилката. Овој вид на косилка обично е најповолна на пазарот, но опциите за косење се само за помали тревници дома. Корисно е вашата електрична косилка да има корпа за трева за да ви го спаси времето за собирање на искосената трева. Овие видови на косилки, како и другите опишани подолу, се користат за површини без цвеќиња, дрвја, грмушки и слично.

 електричен или моторен тример за косење

За тревници кои имаат растенија како што се дрва, цвеќиња, грмушки, итн, изберете електричен или моторен тример за косење на тревата бидејќи се погодни за ангажирање на тревата на тесни простори како што се аглите ограда или околу дрвјата.

РАЧНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Овој тип на косилка ке делува како релаксирачка терапија или едноставно како физичка рекреација.
РАЧНА КОСИЛКА ЗА ТРЕВА
Овој тип на косилка не работи на никаков погон туку вие самите ја задвижувате. Не е  тешко да се маневрира со неа бидејќи има две тркала помеѓу кои се наоѓа ножот за косење. Овој модел на косилка е погодна за стрмни терени, бидејќи нема голема тежина и е лесно е да се турка надолу. Предноста е нејзино лесно чистење и мал простор за складирање.

АКУМУЛАТОРСКИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Акумулаторските косилки за трева најмалку штетат на околината. Оваа косилка за трева има слични карактеристики како и електричната косилка за трева, само што за разлика од електричната косила мобилноста не е ограничена со должината на кабелот.

Akumulatorski kosilki za treva

Ако имате повеќе трева површина за косење, би било убаво да се набават две батерии, а не само една. И додека косите со една другата се полни. Акумулаторските косилки се поскапи од електричните но за разлика од нив се со поголема автономија на косење.

МОТОРНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Моторната косилка е погодна за поголеми тревни површини каде што растат по неколку видови треви, вклучувајќи и плевел и се користат за поголеми тревници, како што се тревници во овоштарници или паркови.

МОТОРНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Со оваа косилка, добро е да имате корпа за собирање на трева, бидејќи ќе ви заштеди време за собирање на искосената тревата. Оваа косилка поради својата сила, малку е потешка за маневрирање. Овој уред со почеста употреба бара и редовен сервис за да функционира правилно подолго време.

БЕНЗИНСКИ ТРАКТОРНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Тракторската косилка е најмоќната косилка која се користи за косење на поголем терен, како што се игралишта, паркови, овоштарници и слично. Тревниците поголеми од 3 хектари ќе бараат тракторски косилки.

БЕНЗИНСКИ ТРАКТОРНИ КОСИЛКИ ЗА ТРЕВА

Проверете дали се со мотор однапред или од позади, бидејќи траксторските косилки со мотор од позади се поснажни. Ваша е одлуката за изборот. Постојат косилки со различна висина на косење. На пример, од 12 до 70 мм.На тракторните косилки може да им се додаде поголем број на додатоци.