UPS уред за напојување печка на пелети-500W

UPS уред за напојување печка на пелети-500W

15.999,00 ден

Нема на залиха

UPS уред за напојување AIRA 600-500W со клеми за надворешен акумулатор за напојување на печка на пелети во случај на снемување на струја.

Акумулаторот не е вклучен во цената се купува одделно.

njoy-logo-100-30

– Бесплатна испорака
– Брза испорака за 2-3 работни дена

 

Можност за плаќање на РАТИ! Како прочитај тука!

 

Нема на залиха

Опис

UPS уред за напојување AIRA 600 – 500W

UPS Уред AIRA 600 – 500W со клеми за надворешен акумулатор

Овој уред е наменет за приклучување на печки на пелети која е со вкупна потрошувачка на струја до 500W
UPS уредите служат на вашиот компјутер и останатите технички уреди како на пример ПЕЧКА НА ПЕЛЕТИ, ПУМПА ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ да им даде дополнително напојување во случај на снемување на струја.
Направен е за подолготрајно работење на печката за пелети и останати уреди со потрошувачка до 500W
Во зависност од јачината на приклучениот акумулатор од ваша страна зависи и времетраењето на напојување на печката на пелети
Се препорачува јачината на акумулаторот да биде од 40 до 160 Ah.
На него може да се приклучат апарати со максимална јачина до 500 W.
НАЧИН НА УПОТРЕБА:
1.Приклучете акумулатор не помал од 40Ah и не поголем од 160 Ah
2.Црвената штипка на ПЛУС, црната на МИНУС, да се внимава да не се погреши
3.Приклучете го уредот во струја
4.Притиснете го копчето однадвор со задржување од 2 секунди и ќе светне зелено светло  на дисплејот. На дисплејот ви е наведен излезниот напон. Овој уред работи од 155Vдо 260V. Воедно е и коректор на низок или висок напон. Тоа е многу значајно за печката на пелети. На дисплејот ви е означено процентуално колку е полн акумулаторот. На дисплејот е означено процентуално колку е оптеретен уредот. Не смее да биде повеќе од 95%
5.Приклучете го уредот. При снемување на струја, автоматски се вклучува уредот да работи на акумулатор со звучен сигнал. Се до имање на струја во акумулаторот
6.При доаѓање на струја, автоматски уредот продолжува да работи на 220V и го полни акумулаторот.
Акумулаторот не е вклучен во цената се купува одделно.
njoy-logo-200-98
Гаранција 1 година
Go to Top