Како да промените жилка на трим глава за тример STIHL FS 55
Моторен тример Stihl FS55 стандардно доаѓа со трим глава AutoCut 25-2 со две жилки. Налонската жилка на трим главата е дизајнирана за косење на трева и грмушки како за домашна така и за професионална употреба. По одредено време на користење жилката се троши и ке треба да биде надополнета.
Како да го направите тоа?
Пгледнете го нашето видео!
И незаборавите да се претплатите на нашиот YouTube канал за да добивате известувања за секое наше ново видео!
За да ја надоплните жилката потребно е првин да ја демонтирате трим главата AutoCut 25-2 од тримерот STIHL FS 55.
-
- Земете ја трим глават во едната рака и полека ротирате ја за да ги лоцирате запците прво на едното од двете места на главата, а потоа и второто кои се притискаат со палецот за да можете да го ослободите забците и да го отворите капакот на главата.
- Притиснете го калемот внатре и полека заротирајте го на лево и извлечете го од куќиштето на трим главата.
- Подгответе две парчиња нова жилка со дијаметар од 2.4 мм и три метри должина бидеќи главата иде со две жилки кои се намотуваат одделно и секоја од нив е со должина од 3 метри.
- Лоцирајте го малиот отвор во центарот на калемот и вметнете еден дел од едното парче жилка од 3 метри внатре и почнете да го мотате во правецот кое е обележан со стрелка на самиот калем. Потрудете се да мотањето биде што позатегнато и по рамномерно. Оставете на крај едно десетина сантиметри слободни кои ке ги заглавите во отворот кој е од надворешната страна на калемот. Повторете ја истата постапка и за второто парче жилка.
- Кога ќе бидете готови со двете жилки калемот полека вратете го назад во трим главата. Самата трим глава има два отвори за жилката каде што ке ја протнете првин едната а после и втората жика.
- Земете го капакот и ставете го на трим главата и внимавајте запците да влезат во отворите за да може капакот да затвори целосно за да не дојде до несакано отворање и повреда при работа.